Јагодите во чоколадо не се само многу вкусни, туку можат да ја разбудат фантазијата и да ја разубават трпезата.
За ова слатко задоволство потребни ви се поголеми и позрели јагоди кои треба да ги измиете и убаво да ги исушите. Подгответе чоколадо по желба- бело, млечно или за готвење. За посипување може да користите мелени лешници, ореви или шарени бисерчиња за јадење.
Држете ги јагодите за рачките и полека натопете ги во растопеното чоколадо така да прекрие 3/4 од јагодите.
Потоа јагодата за кратко држете ја исправено, па ставете ја на хартија за печење со која сте ја обложиле чинијата за сервирање.
Доколку сакате, јагодите по натопувањето во чоколадо можете да ги ставите во сад со лешници или бисерчиња.
Декорираните јагоди ставете ги во фрижидер неколку минути, додека не се стегне чоколадото.