Со овој рецепт ќе добиете густ сок без многу шеќер, во поголема количина, совршен за разладување во лето.
Состојки:
- 5 кг. јагоди
- 500 гр. кристален шеќер (100гр. на 1 кг. јагоди)
- 1 лимон
- 1,5 до 2 литра вода, по желба
Припрема:
Добро измијте ги јагодите, исчистете ги и изблендирајте ги во блендер или со рачен миксер. Ставете ги во поголемо тенџере, додадете ги шеќерот и лимонот, и потоа додавајте вода до посакуваната густина на сокот. Гответе ги така околу 10-тина минути, сѐ додека не почнат повеќе да вријат. Загрејте ги претходно измиените шишиња за сок, и во такви топли шишиња сипете го жешкиот сок. Добро затворете ги и оставете ги да се изладат. Вашиот сок е готов, уживајте!