Вистинско време е да направите десерт што ќе ве освежи и маѓепса со неговиот вкус
Состојки:
- 125 грама маскарпоне сирење
- 150 грама јагоди
- 4 тврди бисквити
- 1 лимон
- 1 лажица кристален шеќер
- 2 лажици шеќер во прав
- 1 лажица путер
Подготовка:
– Во тенџере загрејте ги исчистените јагоди, кристалниот бел шеќер и една лажица сок од лимон.
– Мешајте три до четири минути додека не се стопи шеќерот и јагодите.
– Издробете ги бисквитите, додадете го шеќерот во прав и измешајте ги со стопениот путер.
– Добиената мешавина распоредете ја во две чаши и притиснете ја на дното
– Нежно измешајте го сирењето, преостанатиот сок од лимон и шеќерот во прав.
– Ставете го кремот од сирење над бисквитите, а сосот од јагода над кремот.
Послужете веднаш.