ОТКРИЕНА ГОЛЕМА ТАЈНА: Се прават уште од Антиката! Грчки Амигдалоте без кои не може да се замисли Грчко кафе.. (Рецепт)

popara4 август, 20202min00
Annotation 2020-08-04 184631

Ако сакате марципан, ќе го обожавате ова!

Ова традиционално колаче е именувано по бадем, а се прави со додавање на разни зачини. Ви претставуваме еден од најчестите и омилените, без премногу експериментирање со вкусовите.

Состојкии:

  • 3 белки од јајце
  • 200 грама шеќер
  • половина лажичка сол
  • 450 грама мелени бланширани бадеми
  • половина лажица екстракт од бадем
  • 2 лажици ликер од лимон
  • 30 цели бланширани бадеми
  • шеќер во прав
  • лажичка анасон

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени.

Измешајте ги жолчките со половина лажица шеќер и прстофат сол и убаво измешајте со миксер.

Во друг, поголем сад измешајте ги мелените бадеми, екстрактот и преостанатиот шеќер и додајте сол, а потоа истурете ја смесата со белките од јајцата што сте ги изматиле, додадете го анасонот и добро измешајте.

Наквасете ги дланките со ликер од лимон и од тестото одделете парче со големина на орево. Направете топки со дланките и наредете ги на хартија за печење. Кога ќе завршите, нежно притиснете со палецот во секое од топчињата за да направите дупка, а потоа вметнете еден цел бадем во нив. Ако сте вешти, тогаш извлечете го тестото за да ги направите топчињата во форма на солза.

Печете 20 до 25 минути. Додека печете, колачињата ќе се стврднат полека, и препорачливо е да се ротира хартијата за печење неколку пати за да бидете сигурни дека сите тие се рамномерно печени. Оставете ги да се изладат, посипете со шеќер во прав по вкус и наредните седум дена (ако претходно не ги изедете) може да се чуваат на собна температура во добро затворен сад.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma