Овие пет работи сигурно ги кажувате, а не сте ни свесни колку ги нервираат луѓето околу вас!

popara16 јуни, 20201min00
bla-bla-mogg-suspension-lamp

Психолозите тврдат дека првиот впечаток за себе го оставаме во првите секунди од запознавањето. Но, некои фрази навистина може да влијаат на тоа луѓето да почнат да ве избегнуваат.

  • Не сакам да те навредам, но… – Без оглед на вашите намери, оваа фраза никогаш не звучи добро. Замислете како би се чуствувале вие, некој вас да ви ја каже. Во секој случај, ќе имате право аргументирано да се одбраните.
  • А, да знаеш мене што ми се случи – Наметнувањето не е добар начин на комуникација. Ако со некого штотуку сте се запознале, подобро е да ги истакнете работите кои ве поврзуваат, отколку оние кои ви даваат предност вам.
  • “Никогаш не би купил такво нешто” – Ако пријателката ве праша како ѝ стои новиот фустан или како ви се допаѓа новиот автомобил на вашиот другар, со овој одговор можете само да оставите впечаток на ароганција.
  • “Знам што е најдобро за тебе” – Најлош облик на манипулација е оној во кој се обидувате да го прикажете како добра намера. Наместо да им дозволите на другите да создадат свои искуства, вие врз нив ги проектирате сопствените сомнежи и стравови.
  • Ти реков или знаев дека тоа ќе се случи – Никој не сака да му се дели памет и никому не му е угодно да седи покрај личност, која се обидува да се прикаже како попаметна и подобра.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma