Палачинки се омилена закуска на многумина. Ќе ги обожавате овие американски палачинки, чиј рецепт ви го откриваме овде, дури и повеќе од класичните. Многу лесен и едноставен рецепт кој ќе ви овозможи да направите одличен и вкусен појадок.
СОСТОЈКИ:
2 банани
1,5 чаши брашно
0,5 чаши млеко
2 јајца
шеќер
екстракт од ванила – 5 капки
една лажица прашок за пециво
масло
Во блендер ставете јајца, шеќер, екстракт од ванила, млеко и јајца, а потоа сè добро измешајте, сè додека не добиете густа течност. Во една чинија измешајте брашно и прашок за пециво, а потоа додајте ја смесата од блендер, измешајте добро и ќе ја добиете смесата за палачинки.