Палачинки од само 100 калории: Печете ги по желба – стандардни или американски! (РЕЦЕПТ)

popara30 мај, 20201min00
палацинки

Палачинките се омилениот, наједноставниот и највкусниот десерт што апсолутно сите го сакаат. Иако се познати како нездраво јадење, палачинките сигурно можат да станат дел од вообичаеното мени без да имате чуство за вина откако ќе ги изедете. Здравите палачинки подготвени со малку по различни состојки нема да ве остават да се чувствувате виновни и ќе ви ја задоволат желбата за слатки. Подолу е рецепт за вкусни палачинки од ванила и цимет со само 100 калории

Иако палачинките не се класифицирани како здрава храна, сепак, во зависност од начинот на кој ги подготвувате, овој десерт може да се вклопи во вашата здрава диета.

Здравите палачинки можете да ги вметнете во било кој оброк, за појадок за да дадат енергија за остатокот од денот, во оброкот пред тренингот за да ви даде сила за напорното вежбање, па и во вечерата после напорниот тренинг.

Проверете го рецептот подолу за вкусни и исполнети-американски палачинки кои содржат само 100 калории.

Состојки:

  1. 1 и 1/4 чаша интегрално пченично брашно
  2. 1/2  лажичка сода бикарбона
  3. 1 јајце
  4. 2 лажички сируп од агава
  5. 1 чаша млеко по ваш избор
  6. 1 лажичка екстракт од ванила
  7. 2 лажички цимет

Подготовка:

Во првиот сад измешајте ги брашното, содата и сирупот од агава. Во друг сад измешајте ги млекото, јајцата и ванилата. Полека во првиот сад, со сува смеса, додавајте ја течната смеса од вториот сад и измешајте. На крај додајте го циметот и промешајте уште повеќе.

Загрејте го маслото во тава на умерена температура. Во зависност од тоа што сакате, можете да изпечете стандардни или американски палачинки. Пред сервирање, додадете по овошје по избор.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag