Фолк sвездата Цеца Ражнатовиќ ги воодушеви обожавателите со нова фотографија, по што следеа бројни комплименти.
Цеца синоќа излезе во град почитувајќи ги сите епидемиолошки мерки, а кога се врати дома се пошегува во описот на фотографијата што ја сподели.
– Пепелашка пристигна дома, 22:59 часот – напиша пејачката алудирајќи на почитување на работното време на угостителските објекти, кои сега се скратени до 23 часот.
Цеца со својот изглед предизвика лавина од коментари, а таа беше облечена во црна маичка од тантела и јакна со необичен дезен, додека косата ѝ беше врзана во висока опашка.
– Со какви зборови да те комплиментирам без да те понижувам, што да ти кажам што не си чула претходно. Нашата уникатна кралица, Србинка, мајка, баба, неповторлива божица – беше еден од коментарите на нејзините обожаватели.