Пет генијални супермоќи на средните деца

popara6 април, 20201min00
deca

За средните деца, честопати се вели дека се чувствуваат несакани и запоставени во споредба со нивните браќа и сестри, како да не припаѓаат никаде и имаат негативен поглед кон светот.

Додека истражувањата навистина покажале дека средните деца можат да бидат запоставени додека растат, на долг рок тие знаат да извлечат корист од тоа.

Средните деца растат за да бидат друштвени и одлични тимски играчи. Покрај тоа, тие се добри соработници и пријатели, но и успешни лидери.

Мартин Лутер Кинг Џуниор, Абрахам Линколн и Мадона се примери на средни деца со силни лидерски квалитети.

Поради можното занемарување со кое се соочуваат додека растат, децата од средна возраст стануваат посамостојни, чувствуваат помал притисок да се прилагодат и се повеќе емпатични. Сето ова ги прави одлични работници, тимски играчи, но и партнери.

Еве неколку супермоќи на средните деца.

1. Тие се одлични преговарачи.

Бидејќи се навикнати да не го добиваат секогаш  тоа што сакаат, тие стануваат паметни преговарачи.

2. Прават добри проценки.

Во секоја ситуација тие ги земаат предвид сите страни и донесуваат добри одлуки. Подготвени се за компромис и заради тоа се одлични во дискусии, а поради тоа што како средни деца се навикнати да чекаат, тие се трпеливи.

3. Подготвени се за нови работи

Една студија покажала дека 85 проценти од средните деца се отворени за нови идеи, наспроти 50% од првородените деца.

4. Ја ценат правдата

Бидејќи тие во текот на растењето честопати треба да се прилагодат на потребите на другите, откако ќе пораснат, тие се фокусирани да бидат праведни и да се прилагодливи кон потребите на другите.

5. Посветени се на пријателите

Тие се многу социјални и поминуваат многу време со пријателите. Можеби поради тоа делуваат тајно или повлечено, но тие се само многу посветени на семејството кое сами го избрале. Сакаат да создатат свој круг на луѓе и да се потпираат на пријателите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag