Потребно е:
- Тенки кори
- Слатки јаболки
- Суво грозје
- 50гр интегрален ориз
- Цимет
- Масло
Подготовка: Излупете и изрендајте ги јаболките и додадете цимет и суво грозје по желба. Раширете една кора, а потоа распрснете јаболка и малку ориз. Преклопете ги страните свиткајте ги во ролна.
Наредете во подмачкана тава и печете на 200 степени околу 30 минути додека не добие жолтеникава боја. Исечете ја додека е топла. По желба, посипете со шеќер во прав, но нема потреба, бидејќи е доволно слатка.