Овој освежителен летен десерт би можел да ги израдува љубителите на чизкејк. Тортата со јогурт и малини е сочна и вкусна и многу лесна за подготовка.
СОСТОЈКИ ЗА ТОРТАТА
- 3 цврсти јогурти (приближно 6 dcl)
- 120 гр шеќер во прав
- 1 ванилин шеќер
- 6 ливчиња желатин
- 2 пакувања хопла (приближно 4 dcl)
- 2 мерки малини (помеѓу 400 и 500 грама)
ПОДГОТОВКА ЗА ТОРТАТА
- Измешајте го јогуртот и шеќерот.
- Подгответе го желатинот според упатствата и додајте го во јогуртот.
- Измешајтебго шлаг кремот со миксер, додајте го во кремот и сè добро измешајте.
- Ставете ги малините во саканиот калап, истурете го кремот над нив и ставетего садот во фрижидер преку ноќ.
СОВЕТ:
Малините можете да ги ставите и на класична подлога за чизкејк пред да го истурите кремот над нив. За основата ќе ви требаат:
- 125 гр стопен путер
- 250 гр крцкави бисквити
- 2 лажици кафеав шеќер
Изрендајте бисквити и измешајте ги со шеќер и цимет и додадете го стопениот путер. Стиснете ја смесата во калап со дијаметар од 26 см и печете 3 до 5 минути на 180 степени Целзиусови. Наредете свежи малини на врвот на оладената торта.
Добар апетит!