Тортите од палачинки се идеален избор кога не сакате да ја вклучувате рерната. Најдобро од се е што не морате да се грижите и ако некоја се искине, бидејќи никој нема да забележи.
Состојки:
- 3 јајца
- 300гр брашно
- 600мл млеко
- 50гр путер
- 70гр темно чоколадо
- 3 лажици шеќер
- 1 лажица инстант кафе
- Прстофат сол
Крем:
- 5 жолчки
- 120гр шеќер
- 500 гр маскарпоне сирење
- 250 мл слатка павлака
- 1 лажичка арома ванила
Подготовка:
1. Измешајте ги јајцата со шеќерот, потоа додадете сол, кафе, брашно и млеко и повторно измешајте.
2. Растопете го путерот и чоколадото и кога ќе се изладат малку промешајте во смесата.
3. Измешајте ги жолчките со шеќер и гответе ги на пареа околу 15 минути, со постојано мешање, па оставете да се изладат.
4. Пренесете ги жолчките во сад и измешајте со маскарпоне и арома ванила и кратко мешајте за да се соединат состојките.
5. Измешајте го кремот во шлаг и додајте го во сирењето со жолчките.
6. Направете малку подебели палачинки. На секоја ставете лажица до две од смеса и преклопете ја со друга, додека не се потрошат состојките. Премачкајте ги страните на тортата со останатиот крем. По желба, декорирајте со какао.