Состојки:
- 600 гр пилешко филе;
- 70 гр сирење;
- 70 гр шунка;
- 70 гр сланина;
- неколку феферонки;
- маслиново масло;
- сол;
- бибер;
- 1 кг оригано;
- 30 гр маслинки;
- лук во прав (по желба)
Подготовка: Исечете го пилешкото филе, на 5-6 места, но не до крај! Ставете сирење во едниот џеб, шунка во другиот, и во еден сланина; во последниот сецкани феферонки. Полијте го месото со масло, сол, бибер, лук во прав, оригано, сецкани маслинки. Печете 35-40 минути на 200 Ц.