Постојат само ДВА типа на луѓе: Оние кои секогаш доцнат и оние кои секогаш пристигнуваат навреме! На кој тип припаѓате вие?

popara22 јуни, 20201min00
docnenje

Никогаш нема да можеме да ги промениме луѓето, без оглед на тоа што правиме, особено кога станува збор за навиките.

Кога станува збор за доцнење, постојат само два вида: Оние кои секогаш доцнат и оние кои секогаш пристигнуваат навреме.

Луѓето кои доцнат се повеќе спонтани, не се мачат со работи на кои не можат да влијаат, на пр. со тоа што автобусот доцни или некој друг не пристигнал навреме.

„Луѓето кои постојано доцнат често се оптимисти и нереални, а овој начин на размислување влијае на нивната перцепција за времето. Тие не го прават тоа намерно, но искрено веруваат дека ќе можат да направат сè што планирале и дека ќе стигнат таму каде што треба да одат навреме. Но, тој план никогаш не успева и секогаш доцнат “, објаснува Дајана Де Лонзор во нејзината книга Не доцнете никогаш повеќе.

Професор по психологија, Jеф Конте, од Универзитетот во Сан Диего направи истражување на оваа тема – испитал два типа на личност – тип А (нестрплив и склон кон конкуренција) и тип Б (креативен и опуштен). Тој ги класифицирал поединците склони кон доцнење во типот Б.

Задачата на испитаниците од обете групи била да се обидат да претпостават колку време поминало (кога помина точно една минута). Луѓето од групата А изјавиле дека поминале 58 секунди, а оние од групата Б изјавиле 77 секунди. Со ова, тој докажал дека луѓето кои постојано доцнат, имаат различна перцепција за времето, односно немаат точна смисла за поминување на времето.

Тие не се лутат кога другите доцнат

Исто така, овие типови на луѓе не се лутат кога другите доцнат, затоа што ја гледаат големата слика. Покрај тоа, тие се спонтани, не се мачат со работи на кои не можат да влијаат. Затоа шират позитивна енергија околу себе, што е пријатно за другите.

Тие се во состојба да ги спакуваат работите во торба пет минути пред поаѓањето, да најдат сместување или лет во последен момент…

Тие се оптимисти и не мислат дека нема да успеат во она што го поставиле, дури и да го сторат тоа во последен момент.

Затоа тие знаат да бидат поуспешни во животот и имаат шанса да живеат подолго од луѓето кои никогаш не доцнат. Но, тие исто така имаат свои недостатоци, велат истражувачите. Бидејќи не можат да го контролираат времето, често немаат контрола врз парите, не се упорни и истрајни во работите кои ги прават, на пример со комплетирање на диетата што ја започнале. Тие живеат повеќе за сегашноста отколку за иднината, така што заштедата за старост не е нивна силна страна.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag