Брзо и едноставно – домашна здрава алтернатива на вашиот омилен сладок крем!
Состојки:
- 200 мл слатка павлака
- 50 гр маскарпон
- 70 гр чоколадо со 90% какао
- 60 гр кокосово масло
- 100 гр лешници
- стевија
Подготовка:
Тостирајте ги лешниците. Ставете ги во рерна загреана на 180 степени за околу 20 минути. Откако ќе ги извадите лешниците од рерната, веднаш ставете ги во блендер и мелете ги додека не се добие смеса во облик на паста. Оставете ја пастата од лешник во садот од блендерот и направете го вториот чекор.
Во сад ставете слатка павлака, стевија (количина по желба), кокосово масло и чоколадо. Ставете ја тавата на тивок оган и, постојано мешајќи, стопете ги сите состојки.
Ставете ги стопените состојки во садот од блендереот што ја содржи пастата од лешник и измешајте сè заедно околу пет минути или додека не видите дека состојките се комбинирале и имате маса како крем.
На крај, додајте го маскарпонот во кремот и повторно измешајте сè што е доволно само за да ги комбинирате состојките. Добиениот здрав намаз ставете го во тегла и ставете го во фрижидер. Може да го чувате намазот на овој начин до две недели во фрижидер.