Состојки:
500 гр. брашно
½ литар минерална вода (кисела вода)
½ коцка квасец
4 лажички шеќер
3 рамни лажици сол
9 лажици масло
Подготовка:
Измешајте го свежиот квасец со лажица шеќер, млака вода и малку брашно, да се формира ретка каша. Оставете на топло квасецот да нарасне, па замесете го тестото со наведените состојки. Оставете на топло тестото да нарасне. Тестото разделете го, исечете го на парчиња и замотајте кифлички. Премачкајте ги со малку масло, оставете да нараснат, а потоа испечете ги во загреана рерна.
Уживајте во вкусот!