Прифатете ги своите маани и намалете ги нереалните очекувања: Ослободете се од перфекционизмот во 7 ЧЕКОРИ

popara31 јули, 20202min00
Capture 1
Луѓето кои премноги тежнеат кон совршенството сами себе си го отежнуваат животот

Перфекционизмот се смета за пожелна особина во некои аспекти на животот, но само доколку е умерен. Меѓутоа, истиот неретко претставува тенденција кон нереално високите очекувања, како спрема себе и сопствениот живот, така и спрема другите. Многу перфекционисти ги гледаат само негативните страни, а своите или туѓите позитивни аспекти, потполно ги занемаруваат, што несвесно им го отежнува животот.

Еве на кои начини можете да влијаете на својот перфекционизам и да се ослободите од истиот:

naočare

1. Задоволете се со доволно добро

Преголемото тежнеење кон совршенството обично доведува до тоа некои проекти никогаш да не ги завршиме. Поради тоа доволно добро е сосема доволно. Пронајдете точка во која нешто е доволно добро и завршете овде. Немојте да се изгубите во деталите.

2. Поставете рок

Многу е корисно, секогаш кога треба, да поставувате рокови. Нивното поставување ќе ве натера да ја завршите работата, а не ра даботите во недоглед.

3. Бидете свесни дека со потрагата по совршенство си штетите себе, а и на другите

Перфекционистите можеби се забавни во филмовите, но во реалниот живот тие многу ги повредуваат луѓето околу себе со своите надреални очекувања. Секој пат кога ќе се изгубите во перфекционизмот потсетете се дека и на вас и на сите околу вас би ви било полесно ако малку се опуштите.

4. Прифатете дека сте само обичен човек

За сѐ поставете човечки стандарди и прифатете го животот таков каков што е. Целиот живот треба да тежнееге за најдобри исходи и најдобрата верзија од себе, но немојте да очекувате дека ќе постигнете совршенство.

5. Споредувајте се само со себе

Споредувањето со други луѓе секогаш доведува до чувство на инфериорност, но ако се споредувате со она што некогаш сте биле, тогаш пообјективно ќе може да процените дали напредувате или стагнирате.

6. Правете го она што вие мислите дека е правилно

Медиумите и друштвото често се обидуваат да наметнат што треба да мислиме и чувствуваме, но кога не се трудите да ги исполните туѓите очекувања, тогаш вие имате моќ, а не тие околу вас.

7. Живејте по човечки стандарди

Емоциите се заразни, така и перфекционизмот. Намалете го перфекционизмот во својот свет, за да и вие самите бидете пореални. Помалку вееме поминувајте со нервозни луѓе кои тежат до совршенство, а повеќе со луѓе кои не се обидуваат да се подобрат по секоја цена и кои живеат еден нормален живот, без оглед на околностите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma