Принцот Чарлс го открива омилениот рецепт за појадок!

popara12 мај, 20201min00
јајца

Принцот Чарлс обожава јајца, а се зборува дека тој јаде јајца секој ден. Љубовта кон јајцата ја споделил на Твитер и Инстаграм. Тоа е рецепт за печени јајца со сирење

Потребни состојки:

100 г спанаќ
1 чери домат или сушени домати
35 г меко сирење
1 јајце
80 г милерам крем
15 г рендано тврдо сирење
свеж несечен босилок
*користете органски состојки колку што е можно повеќе

Подготовка:

Намачкајте мало тавче со путер. Обложете го со спанаќ, така што во средината да оставите мал круг. Чери доматот исечете го на четири дела и ставете го врз спанаќот. Помеѓу доматот ставете го мекото сирење. Додадете го босилокот. Зачинете со сол и бибер.

Истурете го јајцето во средината на спанаќот. Прелијте го со милерам крем, но обидете се да не ја растурите белката. Поросете со изренданото сирење. Ставете го во загреана рерна на 180 степени 8-10 минути. Оставете малку да се излади пред јадењето.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma