Идеално за појадок, ужина и вечера!
Потребни состојки:
- 140 грама пченкарно брашно
- 140 грама обично брашно
- 2 мл прашок за пециво
- 3 млг сода бикарбона
- 4 млг сол
- 150 мл јогурт
- 2 јајца
- 10 грама шеќер
- 60 мл масло
- 300 грама млади тиквички
- 50 грама црвена пиперка
- 40 грама пармезан
Подготовка:
Исечете ги тиквичките на мали коцки или изрендајте ги. Кратко пропржете ги во путер. Исечете ги пиперките на што е можно помали коцки. Загрејте ја рерната на 190 ° С. Користете средна големина на сад за печење и премачкајте го со путер. Измешајте ги пченкарното брашно, обичното брашно и прашокот за пециво. Одделно исматете ги белките и солта а потоа, додадете го шеќерот и повторно промешајте. На крај, додадете ги и изматете жолчките.
Измешајте ги јогуртот и маслото, додадете сода бикарбона, промешајте малку, јогуртот ќе се запени, па затоа ќе ви е потребен поголем сад. Полека измешајте ги јајцата и јогуртот, а потоа додајте ја мешавината од брашно, пиперки и тиквички. Истурете сè во подготвената тава, посипете со пармезан и печете околу 30 минути.
Пријатно!