Психолозите откриваат дека за време на пандемија е сосема во ред да се чуствувате вака

popara8 јуни, 20201min00
34080_big

Во последните неколку месеци, светот навистина се промени. Многу држави прогласија изолација, а повеќето од нас, последните недели ги поминаа дома.

Буквално, преку ноќ моравме да ги промениме нашите навики. Сè е затворено, работиме од дома, немаме можност да одиме на фризер или на кафе со пријателите. И додека мерките почнаа полека да се намалуваат, стравот од последиците е сè поголем.

Многу психолози сметаат дека постои опасност Коронавирусот да остави поголеми последици на психичкото здравје.

После сè што се случи, сосема е нормално да чуствуваме страв, бес, тага или разочараност. На сите нас ни се вртат разни прашања во главата, а многумина побараа и помош од психотерапевт.

Најчестите емоции коишто се појавија кај луѓето во екот на пандемијата се: исцрпеност, лутина, изненадена смиреност, загриженост за тоа што ќе се случува понатаму, потешкотии при работењето од дома, обид за постигнување баланс помеѓу надеж дека сè ќе се среди и огромен страв дека ништо нема да биде како што треба.

За среќа, колку и да сте исплашени, како за себе така и за вашите најблиски, не треба да се грижите дека нешто со вас не е во ред, тврдат психолозите. Во вакви ситуации, сосема е нормално да бидеме “нападнати” од најразлични емоции и чуства.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag