Се подготвува толку брзо, нема да ви биде тешко да го правите секој ден!
За време на изолацијата, многу се готви, меси и се печеше, а рецептот, кој во последниот месец се здоби со „светска слава“ и стана вирален низ целата планета, има само три состојки.
Состојки:
- 397 гр кондензирано млеко
- 400 гр бело чоколадо
- 100 гр “Lotus Biscoff” (крем од бисквити, можете да го замените со мешавина од путер од кикиритки и крем од чоколадо)
Подготовка:
Растопете го белото чоколадо во млекото на тивок оган. Тргнете го од оганот и измешајте во кремот и по желба додадете мелени бисквити. Истурете во подмачкана тава и израмнете. Кога ќе се стврдне и излади, исечете го на коцки.