Рецепт на денот: Торта од нутела и бисквити

popara3 јануари, 20201min00
Capture

Нутелата за многумина е омилениот крем, особено ако е состојка на омилената кремаста торта, која се прави многу брзо.

Сè што ви е потребно е …

За фил:

• 3 чаши слатка павлака

• 2 лажици шеќер

• 1/2 лажичка цимет

• 2 лажички екстракт од ванила

• 1/2 чаша нутела

За подлога:

• 150гр мелени бисквити

• 100гр путер

• Лажица какао

Подготовка:

Мелените бисквити измешајте ги со стопениот путер и какао. Добро промешајте ја смесата додека не се изедначи. Смесата ставете ја во калапот за печење и печете 10 минути на 170 степени.

Со миксер изматете ја павлаката, а потоа додадете го шеќерот, екстрактот од венила и цимет и повторно изматете. Додадете ја нутелата и лесно промешајте го филот со лажица.

Истурете го филот врз подлогата и ставете ја тортата во фрижидер за да се стврдне филот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag