Ова руско пециво е нешто помеѓу погацица и палачинка – лесно за подготовка и може да се сервира и како појадок и како десерт.
Фановите на руската гастрономија честопати велат дека ова е едно од нивните омилени руски рецепти – и навистина е брзо и лесено за подготовка!
Главната состојка – руско свежо сирење!
Постои прилично добра причина зошто фрижидерите на здрави и активни луѓе обично кријат барем едно пакување не-масно свежо сирење. Таа е една од најхранливите храни што можете да ги јадете и е преполна со протеини и калциум. Исто така, е прилично прилагодливо и може да послужи како здрава и вкусна придружба за скоро било што.
Најдобар начин за сервирање на ова јадење е директно од тавата, а вкусно е дури и по неколку дена стоење.
Свежото сирење со малку маснотии е одличен додаток на здрава исхрана и диета, особено за луѓе склони кон касно грицкање или за оние кои тежат неколку килограми повеќе. Со додавање на пченично брашно, ова пециво е многу здрав појадок и одличен прв оброк за целото семејство!
Пуфкасти и многу вкусни палачинки со свежо сирење се многу популарни во Украина, Русија и Белорусија, а најпопуларните и наједноставни пецивасед овие руски пецива со суво овошје.
Се разбира, секогаш можете да ги служите со џем или друг сличен крем.
Ова јадење ќе ви одземе само 10-тина минути за подготовка.
Состојки:
- 400 грама свежо сирење
- 2 јајца
- 3 лажици пченично брашно
- 1/2 лажички сол
- 2 лажици шеќер од кокосов цвет
Подготовка:
1. Измешајте го сирењето со вилушка да биде кремасто, а потоа додајте ги јајцата и измешајте повторно со вилушка.
2. Потоа додадете сол, шеќер и брашно и мешајте со рака додека не се соединат сите состојки.
3. Зимајте од тестото со лажица и ставајте во тава со веќе стоплен зејтин, пржете ги на тивок оган додека двете страни не бидат добро испечени.
Добар апетит!