Само 3 состојки: Рецепт за мус од јагоди готов за помалку од 15 минути

popara6 мај, 20201min00
mus

Мус е кремаст и лесен десерт што може да се подготви од различни солени и слатки намирници. Ве предизвикуваме да ја искористите сезоната на јагоди и да направите вкусен мус од овие фини плодови.

За овој рецепт потребни ви се само три состојки и добар блендер, миксер или маталка.

Состојки:

  • 450 грама свежи јагоди
  • 300 мл крем шлаг
  • 2 лажици шеќер, мед или јаворов сируп

Подготовка:

1. Добро измијте ги јагодите и извадете ги лисните дршки. Исечете ги на помали парчиња.

2. Јагодите и шеќерот ставете ги во блендер и мешајте додека не се изедначи смесата. Ова ќе ви одземе две до три минути.

3. Крем шлагот направете го со миксер и нежно промешајте го со пирето од јагоди.

4. Добиената мешавина ставете ја во помали стаклени садови и изладете ги барем половина час пред консумирање.

5. Послужете со парчиња свежи јагоди.

Добро апетит!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag