Познатата словенечка пејачка со црногорско потекло Сенидах одлучи за прв пат на сите да им го покаже своето момче Стефан Орбовиќ.
Иако се зборуваше за нивната врска со месеци, музичката sвезда дури сега, на неговиот роденден, сподели со сите како изгледа нејзиниот осумгодишен помлад избраник.
Светот стана подобро место кога се роди. Среќен роденден на мојата омилена личност – му рече таа на Стефан, кој е од Херцег Нови и им ги покажа своите заеднички моменти.