Состојки:
За 6 лица
- 500 гр мазно брашно
- 1 свеж квасец (40 g)
- 1 лажичка шеќер
- сол
- 2 лажици масло
- околу 250 мл вода
- 1 димена шунка (приближно 1 кг)
Подготовка:
1. Измијте ја шунката во топла вода и исушете ја. Ако веќе солена, можете да го оставите во ладна вода неколку часа, или претходно да ја вриете и изладите.
2. Квасецот дргобете и промешајте го во топла вода, додадете го шеќерот и оставете го да се крева 5 минути. Во брашното додадете ја, солта, маслото, здробениот квасец и додајте топла вода, замесете мазно тесто. Оставете го на топло место да се крева околу 30 минути. Потоа превртете го и ставете ја шунка во средина.
3. Завиткајте ја шунката со тестото и добро залепете ги рабовите. Вака припремената шунка ставете ја во подмачкана тава за печење и печете ја во рерна на 200°C околу 80 минути.
4. На половина печење покријте го тестото со хартија за печење за да не потемни премногу.
5. Оставете ја шунката да се излади, а потоа исечете ја заедно со лебот. Служете ја печената шунка со сос од рен, варени јајца и велигденски салати.