Фолк-пејачот Миле Китич е еден од најпопуларните изведувачи во неговата индустрија.
Тој го сними првиот албум во 70-тите години на минатиот век, а пресвртницата во неговата кариера беше соработката со „Јужни Ветар“.
Зад себе има богата кариера и многу хитови, од кои најголеми се „Кралицата на тротоарот“ и „Кило горе, кило доле“.
Иако е долго време на сцената, многумина не знаат дека Китич е роден на 1 јануари 1952 година и дека неговото вистинско име е Милојко.