Пенастата крема на еспресо можете да ја добиете и без млеко или врвен апарат за кафе. Италијаните го довеле до совршенство подготвувањето на кафе, а нивниот омилен летен пијалок им е еспресо шакерато, идеално за сите оние кои сакаат да уживаат во врвна арома и притоа да се разладат.
За шакерато не ви требаат многу состојки, само кафе и мраз, а по желба можете да си поиграте и со други додатоци како слатки сирупи, ароми или алкохол. Доколку немате сируп и шеќерот ќе ви заврши работа, но добро растопете го во жешкото кафе за да не крцка под заби.
Шакерато одлично оди со сладолед од ванила, а Италијаните го послужуваат и со парче лимон. Традиционално се сервира во чаша за пенливо вино или Мартини, а најубавиот украс за цврстата пена се зрна од кафе.
Потребни состојки за еспресо шaкерато:
2 еспреса
1 лажичка шеќер
4 коцки мраз
Подготовкa:
1. Направете го еспресото и во него растопете го шеќетот
2. Наполнете го шејкерот со мраз, па додадете го еспресото
3. Силно протресете 30 секунди и сервирајте го во ладни чаши.