Пејачката им го разубави денот на многу мажи со жешката фотографија
Поп-ѕвездата Јелена Карлеуша (42) посака секси „добар ден“ со фотографија на која е целосно гола, а своето волшебно тело го покри со чаршав.
Јелена лежи бушава во кревет откако се разбуди и штом ги отвори очите се фотографираше во провокативна поза, со градите во преден план.
Како што истакна претходно, пејачката спие потполно гола, па се сликала, а на своите следбеници на Инстаграм им се пожалила дека има силна мигрена, па наскоро ќе ја избрише провокативната фотографија.
– Силна утринска мигрена, со секси пресврт (ќе го избришам ова подоцна, па ве молам направете printscreen го сега) – напиша Карлеуша во описот, а ние ја послушавме.
Пејачката ги запали социјалните мрежи со жешка фотографија, а освен што денес, судејќи според утрото, времето ќе биде ведро и убаво, многу луѓе беа погодени и од сцената на русокосата бомба.
„На вакво тело не му треба лице“, „Добар ден, те послушав“, „Изгледаш убаво иако имаш мигрена“, „Ни случајно не бриши“, „Блазеси му на Душко!“, Се некои од коментарите под објавата на Јелена.