Со овие реченици несвесно ја рушите среќата и самодовербата на детето!

popara4 јуни, 20201min00
216851_shutterstock-1333481999_ls

Зборовите може да повредат повеќе од било што, а особено погрешно може да бидат разберени ако се упатени кон децата. Родителите некои фрази никако не смеат да ги користат. Овие реченици само ќе ја нарушат самодовербата на детето кое на крај ќе израсне во несигурна личност, па поради тоа внимавајте да не го изговорите следново:

Премногу бурно реагираш

Без обзир колку сте сигурни дека однесувањето на вашето дете е драматично, не треба да го етикетирате. Кога детето се обидува да ги изрази своите чувства многу често знае тоа како да го направи, па неговата реакција може да изгледа и премногу бурно. Гледајќи ги своите родители, децата учат да владеат со своите емоции. Ако децата пораснат во окружување каде нивните чувства ги сметаат за неважни, ќе имаат чувство на помала сопствена вредност.

Не го мислиш тоа што го рече

Дури и да ви каже детето нешто како „не те сакам“ или уште полошо „те мразам“ важно е да не ги отфрлате неговите чувства. Најлоша работа во вакви ситуации е да им кажете на децата дека тие тоа всушност не го мислат. Задача на родителот е да го прифати чувството на детето дури и кога не се сложува со него.

Зашто не можеш да бидеш барем малку како брат/сестра ти

Ривалството меѓу браќата и сестрите, често е несвесно потикнато од родителите. Константното истакнување на позитивните страни на едното дете наспроти негативното однесување на другото може да доведе до ривалство па дури и омраза помеѓу браќата и сестрите.

Тоа што го правиш е глупаво

Толку наивна фраза, а толку штетна за детската психа. Децата се склони да поверуваат на се што родителот ќе им каже, па истото се однесува и во овој случај. Ако на детето му повторувате дека е глупо или дека некоја негова постапка е глупа, тоа ќе поверува на реченото и ќе расте со убедување дека секогаш греши.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag