Со овој појадок симнете ги килограмите на здрав начин

popara6 јули, 20201min00
hulkjlk


Повеќето луѓе знаат дека голем дел од влакна во овесна каша се поврзани со здравјето на срцето или дебелото црево. Но, дали знаевте дека со конзумирање на појадок, можете да изгубите тежина? Ова е точно она што го покажа студијата во 2015 година објавена во „Annals of Nutrition and Metabolism“. Имено, луѓето кои ќе решат да го започнат утрото со овесна каша, ќе бидат сити подолго, што значи дека ќе јадат помалку за ручек, а со тоа ќе земат и помалку калории. А помалку калории, исто така, носи губење на тежината.

Причината што 350 калории овесна каша дава подолго чувство на ситост од 350 калории пченкарни снегулки може да биде затоа што варење во стомакот на овесната каша трае подолго. Покрај тоа, луѓето кои вежбаат имаат дополнителна корист. Според истражувањето објавено во Меѓународниот весник на спортска медицина, консумирањето храна со низок гликемиски индекс, како што е овесната каша, ќе ви даде поголема сила три часа пред вежбање. Исто така, нискиот гликемиски индекс во кашата го намалува ризикот од дијабетес тип 2. За луѓето кои веќе страдаат од дијабетес тип 2, овесната каша помага во контрола на нивото на шеќер во крвта. Дури и ако немате проблеми со тежината, треба да знаете дека овесната каша носи бројни здравствени придобивки, а со консумирање ќе бидете поздрави.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma