Обожавате да јадете слатки, но не можете повеќе да го броите секој залак? Искористете го овој супер трик и ќе можете да ја јадете вашата омилена торта, без грижа на совест!
Ако сакате помалку калорична варијанта од некоја торта, тогаш наместо путер (доколку оди во рецептот), ставете крем – сир со 0% маснотии.
Заменете ја препорачаната мерка путер со двојна мера од немасниот крем – сир и ќе добиете “полесна” и подиетална верзија од вашето омилено слатко.
Дополнителен совет: Доколку сакате да го продолжите рокот на траење, тогаш во тортата ставете малку рум, коњак или ладно кафе.