Сопругата на Јоксимовиќ и нејзиниот колега одеднаш поднесоа ОСТАВКИ, а причината е…

popara19 септември, 20201min0
3c6c4625-d0b1-4f2b-a321-a46f95559f8d

Најфамозниот српски водителски пар, Јована Јоксимовиќ и Срѓан Предојевиќ, вчера ненадејно ја завршија соработката со ТВ Прва.

Како што пишува „Курир“, управата на телевизијата побарала од водителот Филип Ќукановиќ да ја води емисијата во петок, со што тие не се согласиле, па побарале отпремнина и договорено раскинување. Бидејќи раководството беше против тоа, сопругата на Жељко Јоксимовиќ и нејзиниот колега поднесоа оставки.

Управата на телевизијата беше задоволна од гледаноста за време на мандатот на Ќукановиќ ова лето, па затоа решија да му дадат еден ден во неделата.

Јована и Срѓан не се согласија со тоа и решија да ја напуштат телевизијата.

Двајцата ја започнаа својата заедничка кариера на РТС, каде што беа водители на утринската програма пет години. Потоа се преселија во Пинк каде заедно ја водеа утринската емисија дури осум години. После тоа, тие беа водители на „Утро со Јована и Срѓан“ на ТВ Прва од 2018 година.