Состојки
-1 врзоп млад кромид
-3 поголеми чешниња лук
-800гр домати (свежи или од конзерва, јас користев од конзерва)
-200гр спанаќ (обарен, исецкан)
-1/2 лажиче кумин
-1/2 лажиче сечкано суво чили (замена буковец)
-5 јајца
по вкус сол и бибер по потреба магдонос или коријандер
Кромидот исечкајте го на прстени, лукот на тенки кришки. Во тава за пржење бр. 28 ставете малку масло (2-3 лажици) да се загрее. Ставете го кромидот и пржете додека да омекни. Додадете го лукот и кога ќе замириса, ставете ги исечканите домати. Пржете околу 15 минути или додека доматите убаво да омекнат, но гледајте да останат парченца низ нив. Посолете, набиберете и додадете ги зачините. Ставете го и спанаќот, пропржете околу 1-2 минути. Со помош на лажица направете вдлабнатини во сосот и во секоја вдлабнатина скршете по едно јајце.
Поклопете го тавчето со капак и оставете 4-6 минути на средна температура да се испржат јајцата. Тргнете на страна и наросете со сечкан магдонос или коријандер.
Напомена Доколку користите смрзнат спанаќ, тогаш претходно одмрзнете го. Ако користите домати од конзерва, пржете ги додека да испари скоро цела течност и добиете убаво густ сос. Доколку не јадете луто, чилито заменете го со благ буковец или блага мелена црвена пипер.