Louis Vuitton продава ластици за скокање и тегови, а дел од колекцијата е распродадена и покрај тоа што цените се огромни!

22 април, 20200
pjimage-2020-04-20t092817-238

Колекцијата исто така вклучува топка за одбојка и сет за пинг понг кои сè уште се достапни.

Со оглед на карантинот што трае веќе неколку недели, побарувачката за фитнес опрема е зголемена, при што многумина сакаат да бидат во форма додека се дома, бидејќи спортски сали се затворени. Популарноста на фитнес опремата и големата побарувачка за тоа ја препозна и Louis Vuitton, францускиот луксузен бренд кој во својата колекција додаде тегови, ластици за скокање, ракети за пинг-понг и топки за одбојка.

Навистина изгледаат впечатливо, а тоа што се брендирани ги прави многу посакувани помеѓу богатите. Тие се совршен подарок за оние кои сакаат да вежбаат со стил или да ја подобрат својата „домашна сала“ со ексклузивни детали зад кои стои името на овој познат бренд.

Дел од колекцијата се ластиците за скокање, со цена од 425 фунти, но во моментов се распродадени, а одбојкарската топка, чија цена е 1.730 фунти и сетот за пинг понг, со цена од 1.450 фунти, сè уште се достапни.

Бидејќи одбојката е наменета да се игра на плажа, што во моментов не е опција, овој бренд сугерира да ја чувате како украс сè додека не може да се користи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi