Ако ви снема идеи за вечера – не грижете се, такос со риба се одлично решение ако сакате нешто вкусно и подготвено на брзина. Ако не сте љубител на риби, можете да додадете пилешко наместо филети. Вкусот ќе биде совршен и во двата случаи.
Потребно ви е:
- 3 лажици путер
- Малку брашно
- 2 филети риби (по избор)
- 4 – 5 лажици сок од лимон
- Сол и бибер по вкус
- тортиљи
- Малку зелена салата
- 1 компир
- домат
- Малку рендан кашкавал по ваш избор
- 1/4 пакетче сенф
- 2 лажици мед
Наредете ја салатата, доматот, кашкавалот на тортиљата, потоа рибата исечена на парчиња, а потоа истурете го сосот над сè.
Подготовка на сос: Во мал сад измешајте сенф, мед, сок од лимон, сол и бибер. Ако сакате, можете да додадете повеќе зачини. Посипете го сосот над тортиљите и послужете.