Триглав – Известување за клиентите во врска со Ковид-19

admin17 март, 20204min00
S0Em-jJ7_400x400

Соопштение за јавност

Скопје, 13/03/2020г.

Почитувани,

Ве информираме дека, согласно препораките и Одлуките на Владата на Република Северна Македонија, поврзани со појавата на Ковид-19 (корона вирус), Триглав Осигурување АД, Скопје, Триглав Осигурување Живот АД, Скопје и Триглав пензиско друштво АД Скопје континуирано воведуваат мерки за превенција и заштита на вработените и на клиентите.

Согласно насоките од надлежните органи, препорачано е да се избегнува директен и близок контакт (препорачана оддалеченост од друго лице од најмалку еден метар), ракување, гушкање и долго седење во затворени простории. Со цел минимизирање и превенција на сите потенцијални ризици и одржување на максимална хигиена на рацете, препорачуваме да ги користите средствата за дезинфекција, поставени во нашите деловни простории.

Имајќи ги во предвид препораките на надлежните органи, компаниите на Триглав ќе работат со намален капацитет во периодот што следи, заради заштита на вработените и клиентите и како превенција од ширење на вирусот. Советуваме посети на нашите локации единствено доколку бараната услуга е навистина неодложна. За сите Ваши потреби апелираме да ги контактирате нашите вработени на телефонските броеви и електронските адреси објавени на веб-страниците www.triglav.mk, www.triglavzivot.mk, www.triglavpenzisko.mk, коишто се исто така наведени во дописот подолу. Сите услуги и производи на Триглав се целосно достапни, а вработените навремено ќе ги контактираат клиентите во поглед на обновување на веќе склучените полиси. Сервисите за on-line обновување на полиси за осигурување од автомобилска одговорност и полисите за здравствено-патничко осигурување се целосно овозможени преку интернет страницата на Триглав Осигурување.

Триглав и натаму ќе одржува највисоко ниво на хигиена и на дезинфекција во своите простории, но сепак апелираме клиентите да бидат внимателни и да негуваат највисоко ниво на лична хигиена, како и да се придржуваат до препораките на Владата на Република Северна Македонија.

Во моментот нема измени во работното време на компаниите, но доколку има промени, или времено затворање на некое од продажните места, навремено ќе бидете известени.

Ве молиме да нѐ контактирате за сите прашања и потреби и Ви благодариме на разбирањето и Вашата внимателност.

Со почит,

Триглав Осигурување АД, Скопје

Триглав Осигурување Живот АД Скопје

Триглав пензиско друштво АД Скопје

Листа на телефонски броеви и електронски адреси за контакт:

Експозитура Телефонски број Мобилен број Електронска адреса
Експозитура Тетово +389 44 352 931 +389 76 282 824 jorde.mirceski@triglav.mk
Експозитура Кичево +389 45 223 336 +389 76 490 654 blagojce.gjorgievski@triglav.mk
Експозитура Гостивар +389 42 212 269 +389 76 490 655 vesna.jovceska@triglav.mk
Експозитура Охрид +389 46 266 859 +389 76 490 641 goran.najdeski@triglav.mk
Експозитура Струга +389 46 522 547 +389 76 491 344 maja.gjorgoska@triglav.mk
Експозитура Битола +389 47 208 200 +389 75 484 205 mihail.ilievski@triglav.mk
Експозитура Прилеп +389 48 412 766 +389 75 484 202 mirjana.koneska@triglav.mk
Експозитура Кавадарци +389 43 400 831 +389 75 328 604 dusko.grkov@triglav.mk
Експозитура Куманово +389 31 437 081 +389 78 372 357 dusan.spasovski@triglav.mk
Експозитура Штип +389 32 380 061 +389 76 490 639 zoran.petrov@triglav.mk
Експозитура Кочани +389 33 272 456 +389 76 490 640 spiro.georgiev@triglav.mk
Експозитура Радовиш +389 32 630 165 +389 76 490 650 mitre.ristov@triglav.mk
Експозитура Струмица +389 34 347 041 +389 70 330 955 zivka.varizeleva@triglav.mk
Експозитура Гевгелија +389 34 212 181 +389 76 490 642 sonja.kamberova@triglav.mk
Експозитура Скопје +389 2 5102 180 +389 76 490 637 mile.gjorcevski@triglav.mk
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag