Познатиот готвач Џејми Оливер редовно споделува совети за кулинарство при подготовка на разни јадења, и открива трикови со кои постигнува совршенство на вкус.
Овој пат, тој покажа како да го направиte најсовршеното печено пиле.
Свежото пилешко исецкајте го до коската на три дела во пределот на бутот, така што месото добро ќе се испече.
Внимателно подвлечете ги рацете под кожата во пределот на белото месо и пополнете го овој простор со мешавина од зачини составена од ситно сецкан свеж магдонос, босилек и оригано и сол, бибер и додадете малку маслиново масло.
Ставете неколку парчиња путер под кожата, што ќе му даде на месото вкусен вкус, но исто така ќе го заштитите белото месо од сушење за време на термичката обработка.
Ставете загреан лимон во пилешкото, што ќе му даде свежина и дополнителен подобар вкус на вашето јадење.
Пред да го ставите пилешкото во загреана рерна на 220 Целзиусови степени околу еден час, врзете го со мрежа за печење месо.