Состојки за тестото:
– 4 јајца
– Една и половина шолја шеќер (шолја за млеко, чај)
– една шолја брашно
– пола шолја масло
– 2 шолји млеко
– 1 прашок за пециво
– 4 лажици какао
Прелив:
– 2 шолји млеко
– 2 лажици масло
– 3 лажици какао
– 1 шолја шеќер
– 2-3 реда чоколадо
Подготовка: Вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени. Изматете пенасто 4 белки, па додавајте шеќер и матете. Ќе се добие густа и бела смеса. Додадете ги жолчките, маслото, па млекото. На крај, додадете го брашното, какаото и прашокот за пециво и изматете сѐ.
Премачкајте со масло тепсија со димензии 35×25 цм, па нанесете брашно на сите страни. Ставете ја смесата за колачот и оставете ја да се пече во загреана рерна околу 35 минути. Додека се пече колачот, подгответе го преливот.
Помешајте ги сите состојки и ставете ги да зовријат. Внимавајте, млекото може да истече! Гответе неколку минути за да се сврзат состојките. Тргнете го од оган и оставете да се олади додека не се испече колачот.
Печениот колач веднаш прелијте го со овој прелив, или ако сакате можете прво да го исечете колачот со нож, па потоа да го прелиете.