Холивудскиот заводник случајно објави фотографија од неговиот полов орган!

13 септември, 2020
naslovna

Крис Еванс брзо ја избриша експлицитната фотографија, но сепак беше доцна, со молскавична брзина кружеше на Твитер.

Актерот Крис Еванс (39) случајно ја објави својата експлицитна фотографија додека објавуваше видео на социјалните мрежи.

Додека играше игра, тој сподели видео на социјалните мрежи, но случајно ја постави целата галерија од својот мобилен телефон, вклучително и фотографијата од неговиот полов орган во ерекција.

Актерот наскоро ја избриша експлицитната фотографија, но сепак за тоа беше доцна. Твитер се преплави, а шегите за Крис не престануваат.

Дали тука се сопна Крис Еванс – напиша еден корисник на Твитер со фотографија од дупка на патот што личи на машки полов орган.

Да потсетиме, слична несреќа имаше и пејачката Дара Бубамара, која наместо да ја испрати фотографијата на одредена личност, таа ја објави својата експлицитна содржина на социјалните мрежи, која набрзо ја отстрани.

Патем, се шпекулира дека Еванс во моментов е во врска со актерката Лили Џејмс (31), додека тој претходно беше во љубовна врска со Џени Слат (38).

escort - Korsan taksi