Пет причини зошто е комплицирано да имате партнер во хороскопскиот знак Близнаци

15 јуни, 2020
1253857

Брзо му станува здодевно – Повеќето луѓе за брзо време му стануваат здодевни, што го наведува да се впушти во потрага по ново друштво. Тоа не е проблем само за љубовните партнери, туку и за пријателите. Доколку не се менувате во истиот ритам како и неговите желби и вкусови, тој ќе се обиде да ги задоволи со друга личност.

Наклонет е кон манипулации – Бидејќи често сака нешто ново, мора да најде начин како до тоа и да стигне. Некои од начините се сплеткарење и манипулирање. За да ја остварат целта, подготвени се да измислат, сокријат или излажат.

Има многу променлив карактер – Денес сака да летува на море, следната недела има желба да оди на планина. Слично е и со изборот на студии или професија, вкусот за музика или филм, пријателите како и партнерите. Тешко е да го следите, бидејќи цело време на памет му паѓаат нови идеи.

Не сака да ја открива својата интима – Класичниот Близнак многу зборува, но тоа најчесто се банални нешта, кои служат за оддржување на муабетот. Ретко кога ја дава својата интима на увид, а доколку го прашате нешто чуствително, веднаш ќе најде начин да ја промени темата.

Понекогаш знае да се осами – Иако е по природа дружељубив, понекогаш може да стане сит од многу работи и да се повлече во самотија. Тоа може да биде и активна самотија, како прошетки, shopping, патувања и семинари, но потполно сам, без друштво на блиски луѓе или познаници.