Потребни состојки:
200 гр жито
200 гр ореви
1 кесичка лук во прав
200 гр суви сливи
800 гр компири
100 мл сок од домат
200 мл вода
1 лажица суви зачинки
1 лажица рузмарин
сол
Подготовка:
Измијте го и сварете го житото еден час, па ставете го во сад. Потоа измелете ги оревите во блендер, па помешајте ги со житото. Додадете го лукот во прав и солта, па измешајтес è .
Сувите сливи само малку проварете ги и исецкајте ги ситно. Исечете го компирот на кругови. Во сад за печење наредете го прво компирот, па сувите сливи, па оревите и житото, па повторно компир, суви сливи, ореви и жито и завршете повторно со компир.
Помешајте го сокот од домат со вода и лажица суви зачини, па прелијте преку сè. Печете во покриен сад 30 мин и откриен 20-30 минути.