ХАОС!! Општа тепачка во авион на 10.000 метри над Ибица заради не носење на заштитни маски (Видео)
Тепачка избувна при летот на холандската компанија КЛМ од Амстердам кон Ибица, кога двајца патници одбија да ги облечат заштитните маски, а тие подоцна беа уапсени. Другите патници помогнале во задржување на двете лица, а истите биле уапсени од шпанската полиција откако слетале во Ибица, пренесува Independent. „Двајца груби патници одбија да носат маски и малтретираа други патници, физички и вербално“, рече портпаролот на КЛМ. Тој додаде дека пилотот ги известил локалните власти за инцидентот по пристигнувањето во Шпанија и дека двајцата патници биле уапсени.
Според него, безбедноста на летот не била загрозена. На сметката на Инстаграм каде е објавено видео од инцидентот се тврди дека еден од оние кои ги направил немирите бил Англичанец и дека пиел вотка. Носењето маски е задолжително на летовите на КЛМ, како и на сите аеродроми во Холандија.