Најбогатиот султан на светот си бира девојки од насловните страни на светските магазини!

13 мај, 20200
sultan

Хасанал Боклијах живее како сака за него не постојат закони.

Со лично богаство од околу 28 милјарди долари, султанот на Брунеј после тајландскиот владетел е втор најбогат монарх на светот. Но, може наскоро да ја заработи титулата најомрзен во светот.

Хасанал Бокијах донел еден од најстрогите закони мегу кои крадците да бидат казнети со отсекување на рацете, а муслиманите кои пијат алкохол и преставницте на LGBT заедницата ќе бидат каменувани до смрт.

Овој негов потек ја подигна меѓународната јавност на нозе. Првите реакции почнаа веднаш штом султанот ја објави својата одлука.

Најпрво се огласи познатиот глумец Џорџ Клуни кој побара да се бојкотираат султановите хотели меѓу кои и Dorchester во Лондон и Beverly Hills во Лос Анџелес. За многу кратко му се придружија и други познати звезди меѓу кои и Џеј Лено, Шерон Озборн, Елен ДеЏенерес и др.

Односно новиот закон не само што се однесува на луѓето што живеат таму, туку и на туристите и исто така на луѓето кои ги користат бродовите и авионте што се регистрирани во Брунеј.

Но веројатноста да се уништи огромното богаство на овој султан е многу мала со оглед на тоа што секоја секунда се зголемува за 150 долари и тоа само од производство на навта пишува австралискиот портал News.

Брунеј има 415 000 жители, а владата им има обезбедено бесплатно образовани, здравствено осигурување, пензии и кредити за купување куќи и автомобили со многу ниска каматна стапка. Нафтата е извор на сите богатства.

Магазинот Форбс ја има ставено оваа земја како петта најбогата земја во свет. Но тоа не ги спасува од досадниот живот со оглед на тоа дека таму е забранет алкохолот, нема ноќни излегувања или културни манифестации.

Додека сите жители  мора да се придржуваат до законите од Куранот, султанот и неговите браќа редовно ги кршат сведочи Јилијан Лаурен една од поранешните девојки во харемот на султановиот брат Џефи.

Опуштениот живот на султанот дошол до израз 2001 год. кога Џефи бил принуден да продава од својот личен имот откако проневерил пари од државната каса.

Дневно троши и по 747 000 долари во текот на 10 год. а само на своите пријатели потрошил дури 17 милјарди долари.

Третиот брат Мухамед откако исто проневерил 2 милјарди долари веднаш добил отказ. Иако се шпекулира дека султанот својот внук Хакем го држи во притвор, некој од неговите подданици велат дека не е точно, односно Хакем не го напуста Брунеј зошто не знае да резервира карта за комерцијален лет.

Кралското семејство многу често го опишуваат како празноглаво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi