Била бездомник, боледувала од рак и анорексија. Познатата музичарка е заразена: „Тешко зборува“

6 април, 20200
1

Британската пејачка-текстописец и актерка Маријана Фајтфул минатата недела беше пренесена во лондонска болница поради компликации од корона вирусот. Менаџерот откри дека Маријана е во стабилна состојба, а нејзина пријателка додаде дека од вторникот се наоѓа во болницата.

Тешко зборува, во критична ситуација е.

Фајтфул се самоизолирала затоа што неодамна почувствувала симптоми на настинка, и кога на крајот се пријавила во болницата – тестот за корона вирусот бил позитивен. Во меѓувреме се развила пневмонија, па хоспитализацијата беше неопходна. Таа е под голем ризик бидејки нејзината здраствена состојба не е во најдобро светло. Нејзиниот поранешен сопруг, Џон Данбар, тврди дека Маријана во моментов е добро, но не смее да прима посети и има потешкотии при зборувањето.

Додека живеела во Лондон како бездомник, страдала од анорексија. Пред 13 години и бил дијагностициран хепатитис Ц, а во меѓувреме била оперирана поради рак на дојка.

Покрај тоа, таа боледува од артритис, па затоа пред години морала да ја откаже турнејата поради повреда на колкот и операцијата.

Непобедливата Маријана не е уништена од трите распаѓања на брак, зависност, сериозна болест, па затоа нејзините најблиски се надеваат дека ќе го победи и корона вирусот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi