HUAWEI влегува во 5G мрежата во Велика Британија

28 јануари, 20200
Huawei-Logo-1

Велика Британија ќе даде „ограничена улога“ на кинескиот Huawei во градењето на 5G мрежата, соопшти владата на Велика Британија и покрај препораките на САД да не им се дозволува тоа на Кинезите.

И покрај загриженоста дека Huawei, кој е наводно близу до кинеската влада и може да ја искористи својата инфраструктура за шпионажа, британската влада одлучи да и дозволи на кинеската компанија да учествува во изградбата на 5G мрежа, но со „ограничувања“.

Ова ограничено учество значи следново: Huawei ќе биде исклучен од сите критични мрежи поврзани со безбедноста и сите локации со висок ризик, како што се нуклеарни објекти и воени бази, а воедно ќе има ограничување од 35 проценти за учество на кинеската компанија во делови од мрежата кои не се чувствителни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi