Исповед на главната медицинска сестра од Русија: Мојот живот се дели на време пред и после појавата на корона вирус

5 април, 20200
korona rusija

Мојот живот се дели на времето пред и по појавата на корона висусот, со овие зборови Људмила Ларинова, главната медицинска сестра во болницата во Комунарка, во близина на Москва, опишува како изгледаат нејзините денови во време на пандемијата.

Сега, како што вели во филмот РТ, таа е апсолутно посветена на работата.

„Не е можно поинаку. Не можам да се исклучам“, искрено рече Ларинова.

Таа признава дека ретко ја напушта болницата и додава дека нејзините мисли се насочени кон работата.

Раскажува и за тоа како работата во оваа неодамна отворена болница е организирана во тесни рокови.

„Болницата е реновирана, чиста, но целосно пуста, и за неколку часа се претвора во целосно опремена – има камиони со целата опрема и материјали, лекови, пациентите почнуваат да пристигнуваат“, го опишува почетокот на работата во болницата што ја посети рускиот претседател Владимир Путин.

Рускиот лидер тогаш го пофали високиот квалитет на работа и единството на болничкиот колектив.

„Видов како работат и дека сите се во борбени позиции. Сите работеа како часовници, добро и сложно“, рече претседателот додека заминуваше.

Колкав ризик преземаа самите вработени во болницата, покажува и фактот дека главниот доктор во болницата е заразен од од корона вирус и сега е во изолација.

Во изминатите 24 часа, на територија на целата Руска Федерација се регистрирани 582 нови случаи на корона вирус, а вкупниот број изнесува 4.731, соопшти штабот за борба против ширењето на вирусни инфекции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi