СЕ ЈАВИ БИЛ ГЕЈТС- вистина се јави…

7 јуни, 20200
bil

Милијардерот Бил Гејтс конечно се огласи во врска со теориите за завера кои со месеци го обвинуваат на разни теми во врска со корона вирусот. Со излегувањето на САД од Светската здраствена организација – СЗО, Гејтс планира да стане главен финансиер на организацијата.

  • Тешко е да се негираат овие работи бидејќи се толку глупави и чудни – рекол Гејтс при телефонски разговор и ја најавил донацијата од страна на неговата фондација Бил и Мелинда Гејтс за Глобалниот сојуз за вакцини Гави во износ од 1,6 милијарди долари.

Од почетокот на глобалната пандемија, Гејтс е предмет на завери кои на еден или друг начин го поврзуваат со настанокот на корона вирусот. Според анкетата на Yahoo News направена во мај скоро 28% од возрасните американци веруваат дека Гејтс планира ја ја употреби потенцијалната вакцина за вирусот за имплантирање на микрочипови со кои ќе може да контролира и следи милијарда луѓе.

Во март Гејтс го критикувал одговорот на владата на САД во врска со пандемијата тврдејќи дека не делувале доволно брзо за да го избегнат карантинот.

Неговата фондација веќе има издвоено околу 300 милиони долари за помош во развојот на лечење и вакцина против корона вирусот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi