Улица кратка 2.5 метри. Да да. Две и пол метри! :)

1 април, 20200
ulica

Хотелот е изграден во 1880-тите години на необичното пресекување на улиците „Унија“ и „Ривер“ во Вик, оставајќи еден краток истакнат дел кој не припаѓаше на никој…

Ебенезер Палас во Вик, Шкотска е најкратката улица во светот, напиша Гинисовата книга на рекорди уште во 2006 година.

Долга е само 2,5 метри и има само една адреса – број 1. Тоа е влез во ресторанот што е во склоп на хотелот Мекејс кој се наоѓа таму.

Хотелот е изграден во 1880-тите, на необичниот пресек на улиците „Унија“ и „Ривер“ во Вик, оставајќи еден краток истакнат дел кој не припаѓал на никој. За да им помогнат на луѓето да се снаоѓаат подобро во просторот, градските власти побарале од сопственикот на Мекејс да го стави натписот „Ебенезер Палас 1“ на најкраткиот дел од зградата.

Ебенезер Палас била официјално прогласена за улица во 1887 година и така е останато до ден денес. Гинисовиот рекорд за најкратка улица претходно го имаше улицата „Елгин“ во Бакуп, Ланкашир, која била долга дури 5,2 метри.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi