Вознемирувачки резултати од новото истражување: Корона вирусот сепак може да остане во воздухот и до 2 часа

30 април, 20200
korona

РНК корона вирус САРС-КоВ-2 беше пронајден во мали капки во две болници во Кина, но научниците не можат со сигурност да кажат дали вирусот може, да се пренесе и зарази луѓе на овој начин.

Бидејќи доказите сугерираат дека новиот корона вирус може да се шири низ воздухот, истражувачите идентификувале генетски маркери на вирусот во воздух и капки со мал дијаметар дури и до 1/5000 милиметри. Иако ова е потврдено само во лабораториски услови, научниците сè уште истражуваат дали е можно во реални услови.

Резултатите од студијата објавена во списанието „Nature“ во понеделникот, покажуваат дека малите честички кои се ослободуваат со дишење можат да останат во воздухот, што значи дека вирусот може да се пренесе и со вдишување.

– Честичките ќе бидат суспендирани во воздухот најмалку два часа – објаснува професорката Линси Мор.

 – Ова е силен показател за потенцијален пренос преку воздухот.

Сепак, засега, СЗО посочува дека вирусот првенствено се пренесува со капки или поголеми капки кои не остануваат во воздухот долго време, но и со допирање на загадени површини.

Иако РНК вирусот е пронајден во аеросол, научниците засега не се сигурни дали тој исто така го одржува инфективниот потенцијал или е едноставно „безопасно парче“ на вирусот.

– Она што ни недостасува да откриеме е репродукција на вирусот. Можеме ли да го „вдишеме“ овој вирус од воздухот? се прашува д-р Харви Б. Фејнберг, шеф на Комисијата за инфективни болести.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi